Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски уште еднаш го повика поранешниот вицепремиер Артан Груби, да се врати во земјава, а не сакаше да шпекулира каде се наоѓа тој и другиот осомничен во случајот „Државна лотарија“, екс директорот Перпарим Бајрами се додека информациите не се официјално потврдени. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети неодамна изјави дека Груби се наоѓа во Албанија. Бајрами пак подолго време не е во земјава.
„Барем еден од нив изјавуваше дека е невин и дека оваа постапка која се води од страна на државните институции, не е согласно закон. За да го докаже тоа, еве јас, по кој знае кој пат ќе го повикам доброволно да се врати во Македонија и притоа пред органите надлежни за вакви постапки да ја докаже својата невисност заедно со партнерот кој исто така е недостапен за органите на прогон“, рече Тошковски.
Инаку Тошковски додде дека надлежните институции ги преземаат сите дејствија, но доколку Груби не се врати ќе се преземат други мерки за негово обезбедување.
„Се знааат процедурите какви се согласно закон, така да во тој дел не би сакал да навлегувам. Јасно е пропишана постапката за екстрадиција на лица кои што се недостапни на органите за прогон“, додаде министерот.
Спопред Тошковски, постојат основани сомненија дека тие, како што рече, душмански го краделе народот во изминатите години. Осомничените се товарат за проневера на околу осум милиони евра Во меѓувреме, Груби остана без работното место на тетовскиот универзитет, каде беше асистент по новинарство.
Марија Митевска