Вести Македонија Топ вести

Неуспешно гласање недоверба и на министерот за внатрешни работи Тошковски и заменикот Исени – министрите ги „преживеаја” интерпелациите

Со седум гласа ‘за’ од пратениците и 63-ца против, Собранието го отфрли предлогот на Европскиот фронт за гласање недоверба на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Пратеникот Елми Азири барањето за интерпелација го образложи со тврдење дека Тошковски не направил доволно согласно своите надлежности, за МВР кажа дека е ‘претворено во ВМРО’ , а за земјата рече дека е претворена во полициска држава која ги заплашува Албанците.

Тошковски на тоа возврати со оценка дека интерпелацијата е обид за дефокус на јавноста, кажа дека во говорот на Азири не слушнал освен Албанците да бидат споменати другите етникуми кои живеат во Македонија, а дека полицијата апси криминалци без оглед на нивната етничка припадност.

Претходно во текот на денот неуспешен беше и обидот за интерпелација на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, како и вицепремиерот и министер за односи помеѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ.

Не беше прифатен предлогот и за гласање недоверба на заменикот на Тошковски во МВР, Астрит Исени.

Барањето за интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, доби поддршка од 61 пратеник, со што нејзе ѝ беше изгласана недоверба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Ако не добиеме список со 33 заложници, нема да го спроведеме договорот за прекин на огнот

Дејан Дејан

(Видео) Десетици повредени, 80 заробени или висат – се урна жичница во Шпанија

Дејан Дејан

Дипломатијата е механизам кој опстојува со векови, обединува, гради сојузи, кова мир – претседателката Силјановска Давкова приреди прием за дипломатскиот кор во земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе