Вести Македонија Најважни Топ вести

Скопје полека почна да добива вода – по неколку часа саниран дефектот

Скопјани полека добиваат вода. По неколку часа целосен прекин на снабдувањето се враќа водата во домовите од повеќе населби. Екипите од Водовод од доцна синоќа почнале со активностите на 10 локации низ градот Најтешко било на улицата Парапунов во Карпош 4, каде со денови течеше питка вода за пиење. Пуштањето се одвивало постепено за да не дојде до оштетување на мрежата. Велат со санацијата ќе се решат долгогодишни проблеми кои ги имале жителите од одредени места.

  • Се променија пет воздушни цевки каде имаше заробен воздух за подобрување на водоснабдувањето. Ќе се реши децениски проблем на жителите од Ѓорче Петров кои имаа намален притисок на вода и веќе тоа е решен проблем и нема да  го имаат тие граѓани, изјави Тони Миновски, директор на Водовод Скопје. 

Во санацијата учествувале над 160 лица технички персонал. Од град Скопје велат дека операцијата ќе помогне да се ублажат загубите на вода кои се големи.

  • Не само што се модернизира туку со ова и се намалуваат загубите на вода кои што две децении од целокупната јавност дека се околу 60 проценти и дополнително ќе се овозможи подобрување на снабдувањето и на притисокот, вели градоначалничката Данела Арсовска 

По најавата дека околу 15 часа нема да има вода во две третини од градот граѓаните се растрчаа по маркетите за да купат и ги испразнија рафтовите. Болниците кои се најдоа во  делот од  градот каде сопре снабдувањето,  добија цистерни и од тука црпеа.

Од институтот за јавно здравје пак излегоа со препораки – кога граѓаните ќе добијат вода  да ја не ја пијат веднаш.

Дека земјава има големи загуби на вода алармираа и од Регулаторната комисија од каде подолго време бараат тие да ја утврдуваат цената, а не советите со образложение дека на тој начин ќе се спречи партизацијата во јавните водоводни претпријатија.

Неодамна и од Центарот за граѓански комуникации излегоа  со анализа дека годишно во земјава се произведуваат 245 милиони кубни метри вода, а се губат половина од оваа количина или 146 милиони кубни метри вода.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе