Вести Култура Топ вести

Треба да завршат три постапки за да продолжи реконструкцијата на Универзална сала

Иако на терен ништо не се случува, министерот за култура и туризам уверува дека се работи на постапки за реконструкција на Универзална сала, и како и до сега, повтори дека е заплеткано предавањето на објектот од Град Скопје на Министерството за култура и туризам. Продолжувањето на реконструкцијата сега зависи од волјата на пратениците да ги донесат измените на Законот за култура, со кои што министерството ќе има право да гради локални установи, а не само национални, како до сега. Исто така, Град Скопје треба да донесе одлука со која што ја дава Универзална сала на министерството додека тоа ја реконструира, а се чека и извештајот од пожарот, што се случи во април, кажа Љутков.

  • Една од постапките е , да се направи измена во Законот. Треба да се донесе уште една одлука од Градот Скопје , каде што ќе се даде трајно преземање во делот на градењето во тој процес, додека се гради. Значи да нема заедничко градење. Го чекаме и пресекот во делот на опожарувањето . И за тоа ќе треба да излезе извештајот. И со сите овие работи ќе тера побрзо постапката, кажа Зоран Љутков- министер за култура и туризам.

Оваа изјава министерот ја даде на денешниот прес, по повод впишувањето на нашиот народен инструмент гајда, на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото. Тоа за Љутков претставува успех за целата наша култура. Македонија поднесе мултинационална номинација заедно со Турција, која учествуваше со нивниот тип гајда, именуван како тулум. А, одлуката за впишувашето беше донесена на 19 сесија на Меѓувладиниот комитет  на УНЕСКО, што се одржа во Парагвај, на почетокот на декември. Покрај празнувањата „ Х‘дрлез“, гајдата е второ наше впишано нематеријално добро на листата на УНЕСКО, за кое заеднички е аплицирано со Турција.

  • Со впишувањето во УНЕСКО, македонската гајда добива на својата видливост на светската сцена. Ја подига свеста за нашата македонска посебност и пред се ги отвора портите за уметничка размена со еден широк круг култури кои имаат слични музички инструменти, а кои се веќе вмрежени во Светската федерација на гајдаџии, рече Весела Честоева- директорка на Управата за заштита на културното наследство и шеф на македонската делегација во Парагвај.

Успехот со впишувањето на листата на УНЕСКО на македонската гајда и турскиот тулум , не е само промовирање на културите на двете земји, туку номинацијата е значаен чекор кон дополнително зајакнување на нашите културни врски , кажа Махир Енес Оздемир, советник за култура и информации во амбасадата на Турција во Македонија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе