Вести Македонија Топ вести

Даночните инспектори упаднаа на шоуто и наградната игра на јутјуберот Стефан Лазаров и осуденикот на здравствено отсуство Боки 13

Организаторите на наградната игра по таканаречениот Giveaway модел, Стефан Лазаров и Бојан Јовановски-викан Боки 13 (осуденик кому судот му определи медински отпуст од издржување на затворска казна) обвинуваат дека акцијата на даночни инспектори е удар врз нивните проекти и резултат на малограѓанските злобни коментари во јавноста.

Даночните инспектори синоќа беа во акција во штипски ноќен клуб каде се одвиваше наградната игра која била организирана без дозвола од надлежните финансиски институции. Јутјуберот Лазаров потврди дека сите натамошни настани од серијалот Giveaway ги откажува и дека иако инспекторите утврдиле дека станува збор за наградна игра, тој и неговиот правен тим ќе го обжалат решението. Лазаров тврди дека картите ги продавала дискотеката каде имало целовечерно шоу, а во наградната игра се учествувало преку социјални мрежи.

Во меѓувреме, и Бојан Јовановски-Боки 13 се откажа од учество во овие настани кои се наградни игри, но се без дозвола и се организираат во дискотеки и ноќни клубови.

Синоќа во Штип, инспекторите на УЈП влегле во дискотеката во Штип каде се извршени проверки и контроли и се земени докази за организирањето на настанот. По првичните информации, за овој тип на наградни игри, Министерството за финансии најави дека од утре ќе прави контроли кај организаторите и локациите каде се организираат вакви настани. За синоќешните активности нема никакви официјални информации од УЈП и од Финансии.

Во организацијата на штипската наградна игра без соодветна дозвола, учествуваше и Јовановски-Боки 13, осудениот за случајот Рекет, за кој повеќе лекари тврдат дека е хендикепиран од прв степен и не може да ја издржува затворската казна. Судот ги прифаќа тие лекарски наоди и повторно му овозможи да остане на слобода, а Јовановски беше во Штип каде настапи на 4-часовниот шоу-биз настан како водител и повикуваше да се купуваат карти и да се учествува во играта за големи награди.

Миомир Серафиновиќ

„Шоу бизнис“ и прекин на затворска казна – Јовановски е болен за да биде вратен во затвор, но има сили за награди за фановите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

(Видео)Националната гарда на улиците во Лос Анџелес откако ескалираа протестите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе