Вести Македонија

Фирма од валандовско Јосифово се сомничи дека фалсификувала речиси четири тони марихуана

Фирма од валандовско Јосифово се сомничи дека фалсификувала речиси четири тони марихуана. Случајот е откриен пред повеќе од еден месец по барање на МВР, а контролата ја извршила Комисија при Министерството за здравство. Тогаш биле откриени бројни неправилности околу производствената марихуана за медицински цели, при што е известен јавен обвинител од оснонвно јавно обвинителство Гевегелија кој дал и налог за претрес по претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од основниот суд во Гевгелија.

Но, вештачењето покажало дека содржината на пакувањето не соодветствува на декларацијата, односно дека е фалсификувана. Наместо сув цвет на марихуана во кутиите имало отпад, гранки, листови и друга био маса, а многу мали делчиња од цветови, со што е прекршен Законот за опојни дроги.

Недостасуавале и 11 килограми марихуана и немало доказ каде се наоѓа. Исто така, од минатогодишната реколта, 2023 година, околу 815 килограми марихуана била спакувана во полиетиленски вреќи, споритвно на Законот за контрола на опојни дроги. ОВР Валандово по обезбедувањето на материјалните докази до надлежното јавнообвинителство во Гевгелија поднело кривична пријава з аизвршено кривично дело од закон за контрола на опојни дроги против управителот на фирмата од Бугарија, против поранешниот управител, против правно лице,  но и против три други лица“ додаде Гоце Андреевски, портпаролот на МВР.

Сузана Мицева

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе