Колку чинел поткупот кој го платил, а кој го примил. Ова се само дел од аспектите што ке ги истражува обвинуителство откако САД на црна листа ги стави екс вицепремиерот Груби и апелациониот судија Енвер Беџети кој девет месеци во фиока го држеше предметот за масовното прислушување. Државниот обивнител Коцевси на брифинг со новинарите објави дека вчера оформил предмет.
- „Поради сериозноста на наводите во последното назначување лица на ‘црната листа’ на САД, ги искористив своите овластувања и уште вчера оформив предмет за обезбедување докази во врска со наводите за поткуп и трговија со влијание. Предметот е доставен до надлежно јавно обвинителство. Ќе се испитува кој е давател на поткупот, кој е примател на поткупот, дали имало тргување со влијанија. Постапката почна од вчера“, изјави Љупчо Коцевски, државен обвинител.
Зошто САД имаат докази, а обвинителството допрва ќе ги бара Коцевски, и зошто за ниту еден од функциоенрите или бизнисмени ставени на црна листа, освен за Мерко нема активна судска постапка, Коцевски рече дека од февруари откако е тој државен обвинител се водат постапаки за сите но вели дека некои од предметите пропаднале односно застареле поради измените на КЗ.
Дали доказите што ги има САД и полицијата, министерот за внатршени бара трпение, а министерот за правда очекува домашните институции да ги истераат постапките до крај.
„Добро ѝ е познато на јавноста дека никогаш не шпекулирам и никогаш не отворам информации за јавноста што се несоодветни во рамки на сето она поставување што е во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Би побарал трпение од македонската јавност и во овој дел, сега-засега“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
- „Јас сум благодарен на нашите партнери што ни помагаат во процесите, но некои работи ќе мораме сами да ги истераме до крај. Во периодот што следи да видиме што ќе се случува, да не брзаме со заклучоци“, изјави Игор Филков, министер за правда .
Судксиот совет во кое мнозинството членови лани сметаше дека треба парично да го казни Беџети сега велат преземале мерки. Какви, не откриваат.
- Судскиот совет на РСМ изразува сериозна загриженост во врска со актуелната објава на Стејт департментот на САД за ставање на судија на “црната листа“. Ја нагласуваме својата посветеност за справување со секој облик на корупција во правосудниот систем во согласност со законите и етичките стандарди. Во таа насока Судскиот совет веќе превзема мерки согласно со неговите надлежности утврдени во Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија“ соопштија од Судски совет.
За Таргет Тврдина Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор, но апелација го укина предметот и го врати на претходно судење откако девет ипол месеци бил во фиока кај Беџети. Таргет делот за масовното пруслушиување каде беше обвинет Мијалков, застаре побрзо и поради измените на КЗ, а Тврдина делот за уништувањето на опремата за следење се уште се суди.
Елена Ивановска Мукоска