Вести Свет

Трамп ќе ги помилува учесниците во упадот на Капитол уште на првиот ден од мандатот

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп најави дека уште на првиот ден од неговиот мандат ќе ги помилува сите лица кои учествувале во нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година.

Ќе дејствувам многу брзо, уште првиот ден, изјави Трамп во интервју за Ен-Би-Си њуз, одговарајќи на прашањето кога планира да ги помилува неговите поддржувачи обвинети за нападот, чија цел беше да го спречат неговиот пораз на изборите во 2020 година.

Трамп нагласи дека може да има „неколку исклучоци“ од помилувањето, ако лицата делувале „радикално“ или „лудо“ за време на нападот, во кој животот го загубија пет лица, а беа повредени стотици – меѓу кои и 174 полицајци.

Тој ги опиша судските процеси против неговите поддржувачи како суштински неправедни и не ја исклучи можноста да помилува над 900 обвинети кои веќе се изјасниле за виновни, вклучувајќи ги и оние обвинети за насилство.

Ќе го разгледаме секој случај поединечно, рече Трамп.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се намалува бројот на ученици во второто полугодие – 74 се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Дејан Дејан

Министерството за финансии денеска исплати еврообврзница издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра

Дејан Дејан

Часови го делат Трамп од враќање во Белата куќа – уште првиот ден најави стотици извршни наредби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе