Вести Македонија

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Американската амбасадорка во земјата Ангела Агелер за ставањето на црната листа на поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата во Апелациониот суд Енвер Беџети порача дека е доказ оти политичкото мешање во судството не смее да се толерира.

Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не смее, и нема да биде толерирано. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции и ја еродира довербата на јавноста. Никој не е над законот и одговорноста е клучна за напредокот, напиша американската амбасадорка во земјата Агелер.

Претходно Стејт депратментот соопшти дека Артан Груби и Енвер Беџети ја добиваат т.н назанака поради вмешаност во значителна корупција и земање мито во врска со судските процеси против поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков.

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот – земале мито за судските процеси на Сашо Мијалков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе