Вести Македонија Топ вести

Обвинение за три лица за палење на македонското знаме на Денот на албанското

За палење на македонското знаме на прославата на денот на албанското во Скопје, обвинение добија три лица. Прославата минатиот четврток беше без никаква најава, а колoни возила и граѓани блокираа неколку крстосници и булевари. Чинот на палење на македонското знаме беше објавен на социјалните мрежи, што наиде на осуда и барање на одговорност, а утредента беа уапсени сега обвинетите.

„Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Северна Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол“, соопштуваат од ОЈО.

Додека четврто лице, 20 годишник, е обвинет дека во понеделникот во вечерните часови се обидел да запали албанско национално знаме, при што бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле.

„Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост“, додаваат од ОЈО.

Сите обвинети се товарат за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. Им се заканува казна затвор од една до пет години.

Според обвинителството, нивните дејствија предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство. Обвинителството побарало продолжување на притворот за обвинетите.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкот на маркетите во Хрватска

Дејан Дејан

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе