Вести Македонија Топ вести

Нови седум случаи на повредени деца од „ТикТок“ предизвикот ,,Супермен’’

Уште шест деца се повредени во последниве 24 часа во Скопје од „ТикТок“ предизвикот ,,Супермен”, а овој предизвик се прошири и во другите градови. Едно дете се здобило со повреди од играта ,,Супермен’’, констатирани од лекар од приватна ординација во Крива Паланка во Општина Ранковце.

Најстариот малолетник е возраст од 17 години, а најмладиот има десет години. Сите по укажаната помош се пуштени на домашно лекување, вели за Телма директорот на Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

„Од 13 часот вчера до денеска има шест нови случаи на повредени деца од „ТикТок“ предизвикот. Сите се од територијата на Град Скопје, денеска најстарото дете е на 17 години. Сите се пуштени на домашно лекување и двата пола се застапени“, изјави за ТВ Телма, Небојша Настов, директор на Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. 

Поради повреди од предизвикот „Супермен“ на „ТикТок“, во болница се јавиле вкупно 17 малолетници. Играта е опасна. Предизвикот е кога повеќе лица креваат во воздух друго лице кое има испружена рака како да е Супермен, а потоа тој треба да се спушти на нозе.

Колку ваквите настани се тренд во училиштата, одговори побаравме и во средните училишта „Никола Карев“ и „Владо Тасевски“ во Скопје.

Директор на „Владо Тасевски“, Добре Михајлов вели дека нема случаи на повредени ученици, но дека биле забележани ситуации на можно играње на „ТикТок“ предизвикот „Супермен“.

„Како мерка на претпазливост, како директор издадов насоки учениците по соодветниот протокол на одморите да не остануваат сами во училниците, а соодветните дежурни професори по холовите да бидат поажурни и доколку видат група на ученици да реагираат со време. Истото се однесува и за во дворот. Исто, и професорите кои не се дежурни да внимаваат на ваков случај и истите ученици да ги препратат до педагошко-психолошката служба“, ни изјави Добре Михајлов, директор на СУГС „Владо Тасевски“.

Директорот на гимназијата „Никола Карев“, Андреј Манолев вели дека во школото немало такви случаи, а со учениците се вршат редовно обуки како превентива да не наседнуваат на опасни  трендови.

Ова не е првпат поради предизвик на „ТикТок“ деца да завршат во болница. Пред две години малолетна девојка заврши со изгореници по телото по добиен струен удар додека била качена на вагон на железничката станица во скопската населба Маџари, каде што снимала видео за социјалната мрежа „ТикТок“. Претходно едно дете загина од струен удар додека беше качено на воз на станицата Миладиновци.

Мартин Трајчевски

Единаесет повредени деца во Скопје од „Тик-Ток“ предизвикот ,,Супермен’’

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе