Вести Македонија Топ вести

Весна Јаневска: Комитите се дел од историја на државата ,војската на УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо

Училишни приредби на кои децата се со амблеми на УЧК, пушки во рацете и имаат изведба на стрелање имало во неколку училишта и тоа  во Тетово, Чаир и Струга. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека имаат докази со слики и видео материјали, а просветните инспектори се на терен. На политичката партија ДУИ им порача политика да не прават на грбот на децата, на најмалите. Јаневска ваквите приредби ги квалификуваше како немил настан. Забележа дека Македонија е заедничка земја на сите граѓани кои живеат во неа и сите треба да чувствуваат одговорност и љубов кон неа, за да има просперитет, да се градат силни демокртаски вредности, кои никој нема да го повредат и навредат.Јаневска посочи дека УЧК и нејзините амблеми за оваа држава не значат ништо, а воениот конфликт предизвика жртви на сите инвловирани страни.

До Телма пристигнаа и слики од приредба за деновите на албанската азбука и знаме во градинка во Дебар, каде што се гледа картата на Голема Албанија. Што се однесува за објавата на ДУИ дека претходните години имало приредба во градинка во Аеродром  со деца облечени во комитска облека, Јаневска истакна дека комити биле Македонци, Албанци, Власи и се дел од историјата на нашата земја и за нив се учи во наставните програми.

Јаневска забележа дека учениците без разлика на етничката или верската припадност треба да се учат на базичните човекови вредност, недискриминација, соживот, разбирање, емпатија, а најмалку што треба да има во училиштата е политика и учењето на милитаризам.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкот на маркетите во Хрватска

Дејан Дејан

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе