Мрежарината поевтинува, струјата нема да поскапи повеќе од еден процент, но еден час плус дневна евтина тарифа до пролет е сигурно дека нема да има. Регулаторната пресмета, од јануари за 7 отсто ќе се намали цената на мрежарината за домаќинствата и за дел од малите потрошувачи. Во некои сметки оваа ставка чини повеќе од потрошената струја. Ваквата пресметка е добиена од одлуките на РКЕ со кои услугата на МЕПСО поскапува за 5, 6 отсто, на МЕМО за 19, 8 проценти, а цената за дистрибуција се намалува за 5,5 отсто. На ова забелешки имале од Електродистрибуција, затоа што нивната услуга поевтинува во време кога кон фирмата има долг од над 40 милиони евра
- Имаше забелешки oд Електродистрибуција тој долг почнавме да го враќање и тој долг преку цените ќе биде се разбира дека ќе се врати на компанијата. Она што сега ни е најважно е ценовна стабилност, првенствено за домаќинствата, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски
Овие пресметки сега во крајната цена на струјата треба да ги вкалкулираат од ЕВН ХОУМ, и пред да биде објавена да помине на контрола кај регулаторите. Бислимовски не очекува поскапувањето да биде повеќе од еден процент и покрај тоа што ЕСМ струјата за домаќинствата ќе ја продава поскапо. Но, за уште еден час плус дневна евтина, граѓаните ќе почекаат. Регулаторите од намерата не се откажуваат, но анализите повторно ќе се прават дури на пролет.
- Имајќи предвид дека нашите домаќинства се веќе навикнати на дневната евтина тарифа се одлучивме до пролет да ја оставиме состојбата ваква како што е па, потоа врз основа на состојбата на АД ЕСМ ќе носиме одлуки, додава Бислимовски.
Бислимовски се надева дека состојбата во електрани ќе се стабилизира. Но, ова прашање останува отворено со оглед на тоа што компанијата не добива државна помош, струја ја продава поевтино од реалната цена, а во меѓувреме направи и нови долгови кон домашните банки.
Проблем остануваат и високите цени на струјата на берзите во земјите од Југоисточна Европа. Поради ова потешкотии во работата имаат дел од производствените компании. Бислимовски иако ги повика кој може да се вратат на регулиран пазар, процесот оди бавно затоа што многу од нив имаат договори кои се склучени на подолг период.
Ирена Чачкова