Грузиската полиција уапси 43 антивладини демонстранти по одлука на Владата за прекин на разговорите за пристап кон Европската Унија на четири години. Одлуката на грузискиот премиер Иракли Кобахидзе дојде неколку часа откако тој беше повторно назначен на функцијата од членовите на владејачката партија „Грузиски сон“. Спорната победа на минатомесечните парламентарни избори предизвикаа масовни демонстрации, кои доведоа до бојкот на опозицијата во Парламентот.
Опозицијата изјави дека гласањето било наместено под влијание на Русија која сака да ја задржи Грузија под нејзино влијание.
Грузиската претседателка ја нарече одлуката „комплементирање на уставниот удар што се одвива веќе неколку недели“. Таа потенцираше дека оваа војна е за иднината на земјата, и дека овојпат нема грузиска државност и незавиност, без согласност на Русија.
- „Денес оваа непостоечка и нелегитимна влада објави не мир, туку војна на сопствениот народ, сопственото минато и сопствената иднина. Оваа војна е за нашата иднина, иднината на нашето општество и иднината на нашата земја. Затоа што на овој пат нема грузиска државност, нема независност и нема иднина освен во Русија“ изјави Саломе Зурабичвили, претседателка на Грузија.
Незадоволните граѓани кои излегоа на протестите рекоа дека нема да дозволат Русија да ја спречи државата да се приклучи кон Европската Унија.
- „Тие одат против волјата на грузискиот народ и сакаат да не повлечат назад во СССР, но тоа никогаш нема да се случи, бидејќи грузискиот народ никогаш нема да дозволи да се случи“ изјави Ана, грузиска студентка.
За изборите на 26 октомври опозицијата рече дека гласањето било наместено под влијание на Русија додека набљудувачите на изборите рекоа дека гласањето се одвивало во атмосфера на поделеност обележана со случаи на поткуп, двојно гласање и физичко насилство. Европскиот парламент усвои резолуција со која се осудува нефер гласање на Изборите што претставува назадување на демократијата за што е целосно одговорна владејачката партија „Грузиски сон“.
Теа Димковска