Вести Македонија Топ вести

Насилно отстранета табла со грбот на Република Србија од фасадата на српскиот Конзулат во Куманово

Амбасадата на Србија во Македонија најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера (28 ноември 2024 година), кога од фасадата на српскиот Конзулат во Куманово, во доцнитe вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстрани таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.

Српската Амбасада во Скопје изразува длабока загриженост во врска со вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозување на безбедноста на просториите на српскиот конзулат во Куманово, особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и резиденцијални објекти наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Србија, не е првпат да бидат предмет на вандалски напади на територијата на Македонија.

Во тој поглед, Амбасадата нагласува дека е целосно посветена на соработка со надлежните органи на Македонија, со цел што поскоро откривање и процесуирање на сторителот на насилниот чин, чиј идентитет може недвосмислено да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносни камери.

„Амбасадата на Србија останува посветена на негување пријателски односи со Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат се за да се реши овој случај на адекватен начин“, стои во соопштението од српската амбасада во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Практиките кои ги применуваат ДУИ во периодот како да ги копираат од ВМРО-ДПМНЕ“ вели Чупеска

Дејан Дејан

Зендели од Европски фронт во Топ Тема: Повторно ќе пружиме отпор и нема да биде прифатливо за Албанци да се укинe законот за употреба на јазиците

Дејан Дејан

„Шоу бизнис“ и прекин на затворска казна – Јовановски е болен за да биде вратен во затвор, но има сили за награди за фановите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе