Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп сè уште не го открил својот официјален план за прекин на руската инвазија врз Украина, иако за време на кампањата тврдешe дека може да ја заврши војната за 24 часа. Медиумите јавуваат дека се разгледуваат различни можности, вклучувајќи гаранции од Киев дека Украина нема да се приклучи на НАТО во наредните 20 години. За возврат, САД би продолжиле да испорачуваат оружје на Украина.
Се предлага „замрзнување“ на конфликтот, што би значело делумна окупација на украинска територија од Русија. Во Украина, некои изразуваат страв дека таквиот договор може да доведе до постепена окупација на земјата. Многумина сметаат дека на крајот, Трамп може да ги остави одговорностите за Украина на Европа. Сепак, се појавуваат и мислења дека САД треба да ја зголемат помошта за Украина, истовремено осигурувајќи економски придобивки за себе.
Поддршката за преговори со Русија во Украина расте, но голем дел земји и натаму се против тоа.