Полицијата во Лондон утрово постави безбедносен кордон околу американската амбасада во областа Нин Елмс откако било пријавено дека пред објектот е поставен сомнителен пакет.
Амбасадата е привремено затворена, а како мерка на претпазливост, полицијата изведе контролирана експлозија, што предизвикало гласен тресок во околината.
Според изјавите на полицијата, активностите на местото продолжуваат, а сите мерки за претпазливост остануваат на сила.
Американската амбасада потврди дека настанот е цел на истрага, но засега нема информации за жртви или повредени.
Местото останува под надзор, а полицијата продолжува со истрагата.