Вести Свет Топ вести

Ескалација или деескалација – Украина и Русија влегуваат во нова фаза од војната, светот повикува на воздржаност

Новата американска воздушна база во Полска е класифицирана како една од приоритетните цели за Русија, порача Марија Захарова. Според портпаролката на руското Министетрство за одбрана, комплексот во Резиково се смета за важен воен објект на Западот за вооружување на Украина. Нејзината објава доаѓа по ден од рускиот воздушен напад со нова хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз Днипро, како одговор на украинската употреба на американски атакамси и британските „сторм шедоу“ врз локации на руска територија. Според рускиот амбасадор во Лондон, предупредувањата од Москва биле игнорирани и Велика Британија сега е директно инволвирана во војната.

Се нижат реакции на меѓународната сцена по употребата на атакамси и сторм шедоу од Украина и рускиот одговор со „Орешник“. „Ужасна ескалација“ е ставот на германскиот канцелар Олаф Шолц, а Кина ги повтори апелите за „смиреност“ и „воздржаност“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека екперименталното користење на балистичката ракета од Русија е „јасна и сериозна ескалација“. Според него, рускиот претседател Владимир Путин „го тестира Западот“ и ги повика сојузниците на остра реакција.

Употребата на руската хиперсонична ракета е причина за денешниот итен состанок на амбасадорско ниво меѓу НАТО и Украина во Брисел. Украинскиот парламент, пак, ја откажа денешната седница поради опасност од нов руски воздушен напад, а на пратениците и нивните семејства им е порачано да се засолнат на сигурно и подалеку од зградата на владата во Киев.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе