Утрово во интервју за Телма се огласи и градоначалничката Данела Арсовска.
Тврди дека ситуацијата е таква поради опструкциите кои постојано и ги прави советот чие мнозинство е од редовите на власта и на ВМРО-ДПМНЕ.
Тврди дека со години им остава одврзани раце да одлучат по однос на ова прашање но тоа никогаш не се ставало на дневен ред.
Според неа тоа е така бидејќи до сега биле навикнати на носење тендери во четири очи.
Интервјуто со градоначалничката на Скопје ќе биде емитувано во Вестите на Телма во 15:30, 18:30 и 21:30.