Вести Свет Топ вести

Украина нападната со „Орешник“ – Русија тестираше нова балистичка ракета со среден дострел

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија тестираше нова ракета со среден дострел во денешниот напад врз Украина и предупреди дека Москва може да ја искористи против земјите кои му дозволиле на Киев да ги користи нивните ракети за да ја нападне Русија. Во телевизиско обраќање до нацијата, Путин рече дека тоа е одговор на украинските напади на руска територија во кои беа користени американски и британски ракети.

Путин рече и дека Русија однапред ќе издаде предупредувања пред нападите врз други земји за да им овозможи на цивилите да се евакуираат на безбедно и додаде дека американските системи за противвоздушна одбрана нема да можат да пресретнуваат руски ракети.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека е загрижувачки развој употребата на нова балистичка ракета во нападот врз Украина.

„Ова е уште еден загрижувачки развој. Сето ова оди во погрешна насока“, рече Стефан Дужарик, повикувајќи ги сите страни на деескалација на конфликтот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе