Загинаа 25 лица во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан. Повредени се околу 50 лица, а се очекува и зголемување на бројот на жртвите . Загинало и лицето кое го извршило нападот.
Нападот се случил на железничката станица во југозападниот град Кевта, во провинцијата Белунџистан, додека патниците го чекале утринскиот воз.
Надлежните велат станува збор за самоубиствен напад. Целта на нападот биле и ученици и војници од локалната пешадиска школа кои биле во станицата. Четиринаесет од жртвите се воени лица. Напаѓачот носел 6 до 8 килограми експлозив со себе.
„Во суштина, тоа беше самоубиствен напад за кој одговорност веќе ја презеде терористичка група. Во моментов во нашата цивилна болница имаме повеќе од 17 повредени лица, дополнително имаме 19 повредени во болницата ЦМХ и 24 лица се потврдени загинати. Овој напад беше првенствено врз агенциите за спроведување на законот, но мета беа и цивили“ – изјави Хамза Шафакат, комесар на Квета, Пакистан
Околу 200 луѓе биле на станицата кога се случила експлозијата.Надлежните велат се уште истражуваат за да се утврди точната причина за експлозијата.
„Утрото, кога овде беа собрани луѓе и во него имаше секакви луѓе, владини функционери и обични луѓе, останатите патници, тука имаше група од околу 200 луѓе, и тука имаше експлозија. Првично, истрагата на местото на злосторството докажува дека можеби станува збор за самоубиствена експлозија, но ние детално истражуваме и ја откриваме точната причина за експлозијата. Потврдени се бројките што ги имаме во овој момент 16, но останатите се во критична состојба и оваа бројка може да се зголеми, а 30 други да бидат повредени“- истакна Мухамед Балоч, виш надзорник во полициските операции.
Одговорноста за нападот ја презеде сепаратистичката милитантна група, Ослободителната војска на Балуси. Група која се бори за независност на покраината. Минатата недела истата група уби двајца кинески инженери во Карачи и 20 рудари во два одвоени напади.
Белуџистан е најголемата пакистанска провинција, но и најмалку населена. Таа најбогата во однос на природните ресурси, но е најмалку развиена.
Марија Коцева