Вести Македонија Топ вести

Тренчевска во „Топ тема“: „Есенската кошничка“ е погрешна, бенефит добија трговците, граѓаните заштедија помалку од евро

Ефектите од есенската потрошувачка кошничка најдобро се прикажани преку податоците кои вчера излегоа од државниот Завод за статистика. Очигледно со министерот живееме на различни планети или во различни држави, вели Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Бројките во државниот Завод за статистика се многу јасни. Цените на мало во месец октомври се намалиле само за 0,1 процент. Споредбено октомври во 2023 со октомври во 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5 проценти, а цените на мало се зголемиле за 3,9 проценти. И тоа покажува дека есенската кошничка не дава резултати“, истакна Тренчевска.

Податоците на терен, додаде таа, „покажуваат дека има намалување на мал дел, и тоа симболични намалувања, имаме производи за кои цените отидоа горе и имаме производи кои што останаа со исти цени“.

„Нашите податоци од терен зборуваат дека белиот леб, 450-грамски, и натаму се продаваше по 33 денари. Тестенините беа намалени за 1 денар, зејтинот не се намали. Од 78 денари, отиде на 87 денари. Млекото и млечните производи исто. Млекото со масленост од 2,8 проценти отиде од 65 на 69 денари, јогуртот литарски отиде од 72 на 81 денар. Ако ја земеме и синдикалната потрошувачка кошничка според која за едно четиричлено семејство требаат 61.249 денари или едно четиричлено семејство во месец октомври заштедило 57 денари од ефектите на есенската потрошувачка кошничка“, рече Тренчевска.

Тоа, според неа, покажува дека реакцијата на владата е задоцнета, мерката е погрешна и освен трговците кои што добија бенефит, граѓаните дури и не почувствуваа мерка за намалување на маржите на производите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Трагедија во импровизирана џамија во неготинското село Црвени брегови-пронајдени починати три лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе