Пропалестински поддржувачи нападнале и повредиле 10 израелски фудбалски навивачи во Амстердам, по што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди испраќање спасувачки авиони за израелските граѓани во Холандија.
Напаѓачите извикувале „Ослободете ја Палестина“ по што го извршиле нападот врз навивачите на Макаби, а двајца од нив во моментов се водат како исчезнати. Според израелскиот министер за безбедност, Итамар Бен-Гвир нападите биле мотивирани од антисемитизам, а жртвите биле нападнати „со голема суровост само поради нивната еврејска и израелска припадност“.
Mинистерот за надворешни работи Гидеон Сар побарал од холандските власти да им помогнат на израелските граѓани безбедно да стигнат до аеродромот. Локалната полиција соопшти дека привела 57 лица, но не е откриена нивната националност и дали станува збор за пресметка меѓу фудбалски навивачи.