По последната емисија на КОД во која се откри дека новиот директор на Државна лотарија, Александар Климовски бил консултант на Касионс Аустриа пред да стапи на функцијата и дека државата на диво седум ипол години организирала онлајн коцкање од ДУИ денеска соопштија дека се работи за најголемиот корупциски скандал. Тие обвинија и дека, како што велат омилената српско-бугарска коцкарска компанија Касинос Аустриа е поврзана со вицепремиер Изет Меџити.
„Ова автентично мислење од 13 август 2024 година, обзнани дека омиленото српско-бугарско казино на Изет МегаВин Меџити целосно нелегално организирала онлајн коцкање преку нивната интернет платформа 2win.mk од 1 јануари 2017 година, кога владата била предводена од ВМРО ДПМНЕ, се до 2024 година, оштетувајќи ја државата за десетици милиони евра. Ги повикуваме институциите, обвинителството, финансиската полиција, министерството за внатрешни работи, антикорупциската комисија веднаш да дејствуваат“ изјави Крешник Бектеши, ДУИ.