Вести Код Македонија Топ вести

КОД: Новиот директор на „Лотарија“ претходно бил консултант на странскиот партнер „Касинос Аустриа“

Новиот директор на Државна лотарија, Александар Климовски пред  да ја добие функцијата бил консултант на странската фирма Касинос Австрија која е партнер на Лотарија. Приходите од тие услуги ги нема во имотниот лист на Климовски во ДКСК, открива КОД во своето денешно издание.

Се поставува и прашањето за можен судир на интереси бидејќи Климовски до први август бил консултант со 5-цифрен хонорар во Касинос, а пет дена подоцна станал директор на Лотарија чиј главен странски партнер е токму австриската фирма.

Во КОД вечерва и за онлајн коцкањето кое во Македонија се приредувало на диво со години. КОД ги праша и надлежните обвинителства за истрагите за Дрин Ахмети и открива нови моменти за делата за кои е гонет внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. КОД е по вечерните вести на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе