Вести Култура Топ вести

Гордана Михаилова Бошнакоска: Каде и да одеше Ренџов низ Балканот, донесуваше камења за неговиот ѕид на поезијата

Михаил Ренџов беше народен поет. Немаше место каде настапуваше, а публиката што доаѓаше не само што ја слушаше неговата поезија, туку и ја кажуваше.  Ова го кажа поетесата Гордана Михаилова -Бошнакоска на денешната комеморација во НУБ „ Свети Климент Охридски“, по повод смртта на нивниот долгогодишен колега и еден од великаните на македонската поетска реч-Михаил Ренџов.  Неговиот стих дишеше со душата на македонскиот народ, со македонското богословие и христијанство, но и со македонската вера. А, каде и да одеше низ Балканот,  Ренџов од секаде донесуваше камења за неговиот ѕид на поезијата во Нерези, рече Михаилова- Бошнакоска.

„Зошто со камења? Тој го ѕидаше ѕидот на поезијата во својот двор , во Нерези. Секој камен во тој ѕид- нова песна. Нова песна. Ѕид од песни , како светиот ѕид во Ерусалим. Тоа е поетскиот ѕид на Михаил Ренџов“, рече Гордана Михаилова- Бошнакоска, поетеса и член на ДПМ.

„Го слушаме душописот на Михаил Ренџов, бидејќи тој пишуваше со душа, како што и овде свири со душа. Секој негов стих е проткаен со душа. Тој е поет кого го препознаваме и по еден стих. Сите што пишуваат и читаат поезија, знаат колку е тоа тешко“, кажа Владимир Мартиновски, претседател на Македонскиот ПЕН Центар.

„Михаил Ренџов за навек ги продолжува светлите патеки на македонската книжевност. По патот на светлината, што во македонската литература ја внесе Климент Охридски. И ја продолжи својата поетика низ спевот на псалмите, издигнувајќи го македонскиот јазик на високиот пиедестал на јазиците“, рече Марина Мијаковска од НУБ „ Свети Климент Охридски“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе