Вести Култура Македонија Топ вести

Подемот на невидливите англизми во македонскиот јазик

„Говор на омраза“, „на дневна основа“,  „тргување со влијание“, „на крајот на денот“, „системски промени“, „додај во кошничка“ се само дел од бројните примери на подемот на невидливите англизми во македонскиот јазик на кои секојдневно сведочиме. Станува збор за директни преводи на англиските изрази збор по збор без никаква формална сличност со англиската фраза, вели професор Лазаревска- Станчевска, која предава лексикологија на англискиот јазик на Катедрата за англиски јазик и книжевност.

  • Сами по себе тие не претставуваат никаков проблем се додека се соодветно преведени, прилагодени на македонскиот јазик. Може да се јави проблем кај оние калки кои се влезени или влегуваат во македонскиот јазик, а за кои сме имале соодветни термини како што е „Have a nice day“ или „Имајте убав ден“ или „на крајот на денот“ којшто е калка од AT THE END OF A DAY, а ние си го имаме „на крајот на краиштата“ изјави проф. д-р Јованка Лазаревска- Станчевска, Филолошки факултет „Блаже Конески “ Скопје.

Да се подигне свеста за македонскиот стандарден јазик кај младите е исклучително важно.  Во таа насока е и меморандумот кој го потпишаа Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри,  со што се отвораат нови можности за зачувување и за промоција на македонскиот јазик преку светот на видеоигрите.

  • „Оние студија коишто имаат направено видеоигри тоа можат како надградба да го направат, тие игри што треба да излезат да се сработат и на македонски јазик покрај оние стандардни јазици кои им ги наложуваат нивните стандардни издавачи.  И се разбира тоа да не биде на паушално ниво направено, туку на исто ниво како што се прави за другите јазици во играта“ изјави Горазд Цветковски, претседател на Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри.
  • „Да се локализираат игрите на македонски јазик најмногу за младите, затоа што тие на тој начин ги совладуваат термините. Забележуваме тенденција да заменуваат постоечки зборови со странцизми, односно англизми. Па доколку сакаме сите да водиме грижа за јазикот треба да се посветиме на тоа“ изјави Андријана Павлова, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Според Лазаревска -Станчевска ние како општество и говорници на македонскиот јазик не можеме да се одбраниме од напливот на англизми, се што е ново доаѓа од таму, затоа е важен дијалогот со македонсистите во континуитет.

  • “Инсистираме кај студентите да користат македонска терминологија секогаш кога е потребно, но потсетувам и на фактот дека начин да се збогати лексиката тогаш кога не постои соодветен збор во македонскиот јазик да се изрази некоја нијанса во значењето да се користи некоја заемка“ изјави проф. д-р Јованка Лазаревска- Станчевска, Филолошки факултет „Блаже Конески “ Скопје.

Доколку се направи споредба со англизмите од пред 30 години и за нивната асимилација нивниот број бил голем, но бројот на невидливите бил многу мал, што е неспоредливо со состојбата денес, вели професор Лазаревска- Станчевска која во моментов работи на дата база на податоци на невидливи англизми во македонскиот јазик.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе