Култура Топ вести

Оливер Арсовски: Ирена Кафкалевска беше изграден оперски пејач кој го споделуваше успехот на другите

Заминувањето на Ирена Кафкалевска за колегите, соработниците и за публиката значи губиток, што во иднина ќе ја продлабочи празнината во македонската музичка култура. Со овие зборови , в.д. директорот на Националната опера и балет , го започна обраќањето пред присутните на комеморацијата, по повод прераната смрт на нашата истакната оперска певица, мецосопранот Ирена Кафкалевска. Осврнувајќи се на нејзината кариера, долга скоро три децении, Арсовски ги истакна карактеристиките на Кафкалевска, како несебичен професионалец.

  • Изграден оперски пејач со свој специфичен интерпретациски израз, квалитетен вокал и извонреден артист. Искрена колешка, отворена за соработка, секогаш подготвена да пружи поддршка и да го споделува успехот на другите, кажа Оливер Арсовска, в.д. директор на НОБ.

Кафкалевска испеа и одигра многу улоги на сцената на НОБ, а настапуваше и со Македонската филхармонија, на „ Охридско лето“ и на „ДММ“ . Дебитираше како Мадалена во „ Риголето“, а беше и Прецисиола во „ Моќта на судбината“, Розина во „ Севилскиот берберин“, Америс во „ Аида“, Лола во „ Кавалерија рустикана“ , Марија во „ Цар Самоил“. Сепак нејзината страст, прецизност во изведбата и вроден артизам, намногу дојдоа до израз во улогата на Кармен, од истоимената опера на Бизе. Комотна и самоуверена, мошне маркантно ja долови фаталната женска привлечност – напиша критиката за нејзината креација. Кафкалевска се појави како замена на болна колешка од странство на „ Мајските оперски вечери“, со само неколку часа подготовка , а како мецосопран ги одигра машките рољи: Вања и Принцот Орловски во оперите „ Иван Сусањин“ и „ Лилјакот“.

  • Таа беше човек , кој не го криеше тоа што го мисли. И немаше проблем да ви го каже. Честа беше наша што Ирена беше дел од нашиот ансамбал. Огромен е нејзиниот придонес кон македонската оперска уметност, рече Бисера Чадловска , диригент во НОБ.

Талентот за соло пеење го надградуваше преку школувањата во Македонија, Бугарија, Австрија и Хрватска. На заедничките студентски години на ФМУ, се присети, со солзи во очите, нејзината колешка Весна Гиновска.

  • Авангардна и прогресивна , со изграден став како личност , реална и објективна. Таа беше одличен студент, посветена на својата љубов- пеењето. „ Менада“ во Старата скопска чаршија беше свратилиште , каде што во паузите од предавањата одевме на кафе, кажа сопранот Весна Гиновска- Илкова.

Ирена Кафкалевска почина на 51 – годишна возраст кон крајот на минатиот месец, по долго боледување. Аплаузите за неа од верната публика, сега ќе ги заменат ангелски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе