Во овој мандат, „Вреди“ нема да ја напушти владата, тврди министерот за социјална политика, Фатмир Лимани. Оваа коалиција ги игнорира повиците на опозицијата да се приклучат кон нивниот фронт, а нивните министри секојдневно најавуваат нови проекти што планираат да ги реализираат во наредните четири години.
Лимани на јавноста познат како внук на Али Ахмети, кој беше заменик-директор на ЕЛЕМ како кадар на ДУИ, но си замина од матичната партија, на последните локални избори истрча како независен кандидат за градоначалник на Кичево, по што направи трансфер во опозициската БЕСА и стана министер. Последните две години е голем критичар на ДУИ, а поради неговите роднински врски со партискиот лидер, неговите критики имаа специфична димензија и тежина.
Неговиот чичко, пак, не се откажува од намерата да ги привлече „Вреди“ во својот табор. Откако ги искритикува за работењето во првите 100 дена на власт, сега секојдневно ги повикува да ја напуштат владата. Меѓу другото, бара и ветинг, проверка на имотот на сите функционери и истрага за приватизацијата во 90-тите години од минатиот век.
Далиборка Демјанска Цветановска