Вести Култура Топ вести

Поради додатоците на плата, вработените во „Охридско лето“ сè уште не ја добиле августовската, а под знак прашање е и септемвриската плата

Вработените во НУ Охридско лето не ги добиле платите и здравственото осигурување за август, а под знак прашање е и исплатата на септемвриските плати. Иако директорот на установата уредно и навреме доставил барање за исплата на платите за август, со сите додатоци за прекувремена работа , додека траеше фестивалот, вработените се оставени на чекање, алармираа од Синдикатот за култура. Од таму велат дека од Министерството за култура и туризам, во барањето за исплата на августовските плати до Министерството за финансии, укажале дека тоа барање има неправилности. Од СКРМ објаснуваат дека согласно Законот за извршување буџети , директорот на установата е одговрен за изготвување на документацијата за исплата на плати.

  • Во тој случај, Министерството за култура е потребно да поведе постапка против директорот на Охридско лето , доколку смета дека платата е направена со неправилности, а не да ја враќа и да ги принудува во институцијата да ја преправаат, односно да ги извадат додатоците на плата што следуваат, согласно законот. Инаку, во Охридско лето е дојдена и Трудова инспекција , значи на барање на вработените, и не се констатирани никакви неправилности, вели Вера Атанасовска- претседател на СКРМ.

Ист проблем во „Охридско лето“ имале и со јулските плати, што требале да се исплатат со додатоци , поради прекувремените часови работа за време на фестивалот. И тогаш од ресорот Култура и туризам имале забелешки, но попуштиле, вели Атанасовска. А, од „Охридско лето“ , велат дека тешко живеат без плата и бараат августовската да им се исплати веднаш, со додатоците.

  • Ние очекуваме уште денеска истата, со сите одработени часови, прекувремени, ноќни, работа во недела , да ни биде исплатена, затоа што тоа е законски. Знаете дека Охридско лето , како наша најголема сценско – музичка манифестација , реализира настани во периодот од 12 јули до 20 август. Тоа се над 1000 уметници, околу 50 настани, тоа е многу работа , многу откажувања , многу посветеност на сите вработени, вели Сузана Вренцоска- лице за односи со јавност во „ Охридско лето“.

А, од ресорот Култура и туризам велат дека во буџет за 2024 година, наменет за плати, не се обезбедени дополнителни средства за додатоците, што ги бараат вработените во „Охридско лето“ и се повикуваат на користење слободни денови, согласно Законот за буџети . За пресметката на платите за јуни, јули и август, од ресорот ги известиле Министерството за финансии, Инспекторатот за труд и Државната комисија за одлучување во втор степен, во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Од нив сѐ уште не добиле одговор дали пресметките биле или не неправилни и сугерираат вработените да тужат на граѓански суд, ако не сакаат да ги чекаат одлуките на државните органи.

Сотир Трајков

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе