Вести Култура Македонија

Анастасија Ѓурчинова е годинашна добитничка на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Анастасија Ѓурчинова е годинашна добитничка на наградата „Драги“ за македонскиот превод од италијански јазик на романот  „Интимен живот“ од Николо Аманити. За наградата првично беа номинирани 43 дела на 40 преведувачи, објавени од 18 издавачки куќи или поединци, за преводи направени од 18 различни јазици и од сите жанровски категории – романи, раскази, книги за деца, поезија, драма. Настанот е во рамки на јубилејното, 10. издание на Фестивалот на европска литература „BookStar“ 2024.

Самиот прецес на преведување колку и да тежок, макотрпен, ние преведувачите не се откажуваме. Верувам дека книжевниот превод е сепак можен и сам по себе единствен начин на којшто народите, земјите, различните култури си разговараат меѓу себе, забележа професор Ѓурчинова на врачувањето на наградата „Драги“ за најдобар превод. Советите кои ми ги даде Драги Михајловски на почетоците ќе ги зачувам за себе, тие се драгоцени, но навистина ми биле корисни и ме поттикнале да не се откажувам од овој трнлив пат, додаде таа.

Тој знаеше дека е патот трнлив, но дека е возможен. Постојано велеше барај го, барај го, ќе го најдеш, копај по зборот колку и да е тешко некаде ќе излезе. И навистина е така како во случајот на Бенјамин, преведувањето е истражувачка работа морате да консултирате многу пријатели, да им досадувате на домашните, постојано да ги прашувате за разни варијанти, на роднините, на сите стручњаци што ги познавате од градов и во странство изјави проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, добитничка на наградата „Драги“

Во рамки на Фестивалот на европска литература „BookStar“ 2024 беше доделена и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачот Бенјамин Лангер за германскиот превод на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Да се преведе романот „Пиреј“ на кој било странски јазик е исклучителен предизвик, рече проф. Зорица Николовска, претседателка на жири комисијата.  Во процесот на преведување имаше различни предизвици, за среќа тој предизвик да се најде издавач во Германија во овој случај не беше никаков проблем, вели германскиот професор и преведувач Лангер.

Имаше емоционални предизвици, на пример се сеќавам кога бев во мојата канцеларија преведувајќи го делот кога на Велика и умираат и последните деца, моите деца беа мали и како преведувач нели влегуваш во фигурите и плачев преведувајќи изјави Бенјамин Лангер, добитник на интернационалната награда „Драги“

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски, македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк и Елиот. Со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор и чии инспиративни предавања ќе останат запаметени кај многу генерации.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе