Во врска со вчерашните реакции на социјалните мрежи за проекти ришење на шкртаници и за привлекување публика од Годишната програма за 2024 година, поттикнати од објавувањето на конкурсите за Годишната програма за 2025 година, од Министерството за култура и туризам за ТВ Телма велат дека ниту се реализирани, ниту средствата во висина од по околу 900.000 денари, не се потрошени.
На Годишните конкурси за проекти од национален интерес во културата Министерството за култура дава поддршка на проектот „Отстранување шкртаници,исписи,говор на омраза и друга недолична комуникација од недвижни објекти од јавен инетерс и споменици и спомен-обележја под надлежност на Министерството за култура на територија на Република Северна Македонија“. Проектот е предложен од Друштвото за услуги „Сити рифејсинг ДООЕЛ-Скопје“, поддржан во рамки на Интердисциплинарната дејност со средства во износ од 899,205 денари, со освоени 100 бода. На 12 февруари 2024 година, Друштвото за услуги „Сити рифејсинг ДООЕЛ-Скопје“, испрати допис до Министерството со кој се откажува од проектот и од доделените средства, велат од Министерството за култура и туризам.
А, проектот „Публиката е култура“ – кампања за доближување на содржините од областа на културата до различните публики и поттикнување на граѓаните да посетуваат и следат настани и содржини од областа на културата, поддржан на Годишните конкурси во Интердисциплинарната дејност, а апликант е Друштвото за маркетинг,настани и продукција „Разглас ДООЕЛ-Скопје. Проектот е поддржан со 854,245 денари, со освоени 95 бода.
Согласно член 67 од Законот за култура, Министерството за култура со субјектот чиј проект е избран на Годишните конкурси, склучува договор за учество во финансирање на проект од национален интерес во културата. Наведениот субјект, „Разглас ДООЕЛ-Скопје“, до денеска не го врати Договорот склучен од нивна страна, велат од Ресорот култура и туризам.