Спортските теми и оваа, четврта сезона ги отвораме секој викенд на Телма.
Неделното попладне како и досега ќе биде резервирано за инспиративните спортски приказни и разговори, за тоа како изгледа секојдневието на нашите спортски идоли.
Што е потребно за градење на успешна кариера? Како се создава победнички менталитет? Како се надминуваат препреките и поразите, но и како се навива, поддржува и радува за успесите на омилениот спортист, клуб или репрезентација…
Спортскиот дух и животен стил остануваат наша мотивација, како и вербата дека секој успех е вистински само кога е постигнат со Фер-плеј.
Гледајте нѐ секоја недела, во нашиот добро познат термин, 16:15 на Телма. НАСКОРО.