Компанијата спомната во унгарските медиуми е регистрирана во 2022 година и е во сопственост на Норвежанец, објави btvnovinite.bg.
Именувани се две компании во врска со производството или снабдувањето со пејџери за милитантната група Хезболах. Едната компанија е унгарска, а другата бугарска. Според унгарските власти, компанијата регистрирана во Будимпешта е компанија посредник.
Унгарскиот сајт telex.hu објави дека терористичката организација Хезболах ги набавила пејџерите со помош на компанија регистрирана во Бугарија.
Компанија со седиште во Софија ги купила пејџерите од Тајван кои на крајот биле продадени на Хезболах, унгарската компанија вклучена во случајот всушност не направила ништо, уредите никогаш не биле во Унгарија – дознава Телекс од извори запознаени со ова прашање. Последната информација во меѓувреме беше официјално потврдена од унгарската влада.
- „Унгарските власти се убедени дека предметната компанија е трговско-посредничка компанија, таа нема производство или простории во Унгарија, има главен менаџер на компанијата на регистрираната адреса, а референцираните уреди никогаш не биле во Унгарија“, рече Золтан Ковач, меѓународен претставник на унгарската владата, како и државен секретар одговорен за комуникации.
„Унгарската компанија БАЦ Консалтинг беше компанија посредник и нема производна дејност“, вели унгарскиот државен секретар за меѓународни комуникации Золтан Ковач.
Според објавените информации во унгарските медиуми, бугарската компанија, а не BAC Consulting ги увезла пејџерите од Тајван, а бугарската компанија била и таа што ја организирала испораката на опремата и ја продавала на Хезболах.
Случајот со смртоносните експлозии на пејџери во Либан и поврзаноста на Бугарија беше тема и седницата бугарското национално собрание. Партиите повикаа на брза реакција од официјалните органи и служби.
Денеска бугарската телевизија БТВ, цитирајќи извор во државната агенција за национална безбедност, објави дека 1,6 милиони евра поминале низ Бугарија и се префрлени во Унгарија.
Во серијата експлозии во вторникот во Либан загинаа 12 лица, а повеќе од 2.700 беа ранети кога пејџерите кои ги користеле припадници на Хезболах експлодирале во Либан.
Светот стравува од регионален конфликт на Блискиот Исток, спласна оптимизмот за деескалација