Спроведување на законот за нефер трговски практики и намалување на увозните давачки за прехранбените производи ќе ја намалат цената на храната, а не замрзнување на цените кои ќе имаат само краток рок, велат трговците.
Министерството за економија најави дека ќе ги замрзне цените на стотина производи.
Дурим Зеќири од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека ефектот ќе престане кога ќе престане замрзнувањето на цените, а некои производи може да ги снема на рафтовите.
Владата треба да се консултира со приватниот сектор пред да преземе вакви мерки, додава Зеќири.
Со есенската потрошувачка кошница треба да се спречи поскапување на над 100 производи, како пекарски и млечни производи, некои видови месо, овошје и зеленчук. Министерот за економија најави и дека планира воведување на божиќна, велигденска и рамазанска кошница, во која ќе бидат со намалени цени производите кои граѓаните во празничните денови најмногу ги купуваат.
Стабилизарње на цените експертите очекуваат и со почетокот на примената на Законот за нефер трговски практики кој ќе биде на сила на крајот од овој месец. Со овој закон се предвидува рабатот и дополнителните трошоци за илјадници земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и на големо да се ограничат на 10 проценти.
Симона Петровска