Циклонот Борис предизвика огромни поплави во округот Галаци. Најмалку 5 лица загинаа во надојдените води.
Во некои области водата стигнала до покривите на куќите. Стотици луѓе чекаат на таваните да бидат спасени.
Сепак, надлежните известуваат дека интервенциите се отежнати поради поројните поплави кои блокираа неколку патишта.
На одредени локации врнежите за 24 часа достигнаа 150 литри на метар квадратен. Хидролозите издадоа предупредување за црвен аларм од поплави за реките Сирет и Прут во окрузите Галаци и Васлуи.
Централна Европа очекува сериозни поплави да ги погодат Чешка, Полска, Австрија, Германија, Словачка и Унгарија во текот на викендот.
Метеоролозите најавуваат силни врнежи во повеќето делови на Чешка, меѓу кои и главниот град Прага и пограничните региони со Австрија и Германија на југ и Полска на север.