Вести Македонија Топ вести

Дијалогот е клучното решение за односите меѓу Македонија и Бугарија, согласни се Силјановска Давкова и Радев

Ќе се трага по заедничко решение и компромис без никој да се чуствува навреден или повреден и без никој да мисли дека бил заборавен, ова е дел од тоа за што се согласиле претседателите на Македонија и на Бугарија, Гордана Силјановска Давкова и Румен Радев на денешната средба која ја имаа во Софија, на која меѓу другото се обединиле и околу европската интергација на Македонија, Копенхашките критериуми, регионалниот пристап кон решавње на проблемите, но и  научените лекции на Бугарија кои Македонија не мора да ги повтори. Ова го изјави македонската претседателка по средбата со Радев, при што нагалси дека таа не случајно е дојдена во Бугарија.

„Убедена сум после денешниот разговор, во една дебатна пријатна атмосфера, дека ќе вроди со плод. Не можам да кажам дека утре ќе се случи тоа, но важно е да почнете“, рече Силјановска Давкова по средбата со Радев.

Македонската претседателка малку откри кои се конкретните теми за кои разговарале двајцата шефови на држави, но беше децидна дека со Радев не разговарале за одложена примена на уставните измени на што инсистира македонската влада за тие измени да се случат.

„Не денеска не разговаравме ние за конкретни прашања“, изјави македонската претседателка.

Она што пак го откри Силјановска Давкова дека било тема на разговори е впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

„Зборувавме и за тоа, да. Видете јас да сум апсолутен монарх можам да кажам дека ќе го сменам Уставот, меѓутоа пратениците ги претставуваат граѓаните, гласаат по сопствено уверување. Јас не можам да ја суспендирам парламентарната демократија, но се разбира дека разговаравме за сите прашања“, изјави Силјановска Давкова.

Иако секој од двајцата шефови на држави ги застапувале националните интереси на својата земја, како што рече Силјановска Давкова, факт е дека дијалогот е клучното решение.

И бугарскиот претседател е на став дека дијалотот е единствениот начин да се најде решение за најситните и отворени проблеми меѓу двете земји, но со нагласување, дека тие треба да се решаваат врз основа на Договорт за добрососедство, потпишаните протоколи и заклучоците од Европскиот совет од 2022, за да може да продолжи европскиот пат на земјава.

Радев, во изјавата која ја даде пред средбата со Силјановска Давкова, за тој дијалог да продолжи побара македонската влада да го смени однесувањето, но и да ги исполни преземените обврски со билатералните договори во Бугарија, но и оние со ЕУ.

„Многу добро знаете дека Република Северна Македонија се уште не е излезана, особено владата, не ја напуштила предизборната реторика. Нека се смират таму страстите, нека се вратат кон реалноста. Многу е јасно, нашите односи понатаму ќе продолжат да се градат врз основа на склучените договори и заклучоци на Советот на Европската Унија. Тоа е критериумот по кој ние ќе ги оценуваме нашите понатамошни односи“, изјави Радев.

Радев европскиот пат на Македонија денеска го поврза и со ангажирањето на македонската влада во реализација на Коридорот – 8.

Македонската претседателка по средбата со Радев информираше дека очекува негова посета на Македонија, за која не утврдиле датум, но утврдиле околу што би можело да се случи.

Во делегацијата предводена од Силјановска Давкова, во работната посета на Бугарија, денеска беа и шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски и министерот за култура, Зоран Љутков.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе