Вести Култура Топ вести

Почина Бора Ѓорѓевиќ- музичар и текстописец кој имаше стихови за сите предизвици во животот

„Одам на еден подолг излет, но тоа е само разделба, на изглед“, гласи стихот на Бора Ѓорѓевиќ од нумерата „ Очите на малото куче“, од последниот снимен, но необјавен албум „ Љубов и смрт“ . Вака рок иконата и лидер на групата „ Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ го најави заминување од сцената наречена живот , што се случи денеска. Почина на 71 година, во болница во Љубљана, од воспаление на белите дробови. А,  веста за смртта ја соопшти неговиот бенд.

Со заминувањето на Бора Ѓорѓевиќ, поранешната југословенска , денес регионална рок сцена, загуби музичар и текстописец кој имаше стихови и одговори за сите животни предизвици , вели музичкиот новинар Иван Бечковиќ. Тој лично го познавал и комуницирал со прославениот музичар.

Со заминувањето на Бора , југословенскиот простор загуби многу. Загуби еден врвен текстописец , еден од најдобрите. Загуби фантастичен музичар , загуби човек кој имаше стиховно решение и одговори на сите животни теми и предизвици. Загуби човек кој имаше фантастична музичка позадина, човек кој направи 20 -тина студиски албуми со „ Рибља чорба“, многу песни за други, антологии, рече Иван Бечковиќ, музички новинар и застапник на „ Кроациа Рекордс“ за Македонија.

Борисав – Бора Ѓорѓевиќ, ја започнал музичката кариера на 13 годишна возраст ,во родниот Чачак. Првата негова група се „ Хермелини“, па „ Момчиња од Морава“, а потоа настапувал и со други млади бендови. По преселувањето во Белград, во почетокот на 70 – тите години на минатиот век, ја основал групата „ Заедно“, па „ Ајдук Станко и јатаците“, а потоа и „ Сончоглед“ . Од групата заминал кога не му ја прифатиле денес антологиската нумера „ Кукла од насловна страна“, зашто сметале дека музиката е ужасна, вели Бечковиќ. Затоа, Бора му се придружил на Балашевиќ во групата „ Ран мраз“. Сепак , најсилниот печат на музичката сцена ќе го стави со „ Рибља чорба“, формирана 1978 година. Покрај студиските,  групата објави и 20- тина албуми во живо, продадени во повеќе од половина милион примероци. Најплодни и најубави се првите 10-тина години на овој бенд, смета Бечковиќ, зашто објавените нумери од тие албуми денес се евергрини што ги пее и старо и младо, а „ Погледни го својот дом ангелу“, е прогласена за најдобра песна од поранешната југословенска рок сцена.

Нечија тетка, стрина , вујна се бакнала на „ Кукла од насловна страна“. Се разделила на „ Остани ѓубре до крај“, плачела со „ Нејќам да испаднам животно“. Така што делото на Бора Чорба останува. Тој само физички не е тука, вели Бечковиќ.

По негова желба, Бора Ѓорѓевиќ ќе биде погребан во Чачак, објави неговиот менаџер Бане Обрадовиќ.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битка за македонското столче во судот во Стразбур- 21 кандидат досега се пријавиле за функцијата која трае девет години

Дејан Дејан

„Од ВЛЕН остана лен“, Али Ахмети во Свиларе го прекина политичкиот молк, Мицкоски вели – односите во Владата се одлични

Дејан Дејан

Бејзароски во Топ Тема: Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе