Спорт Тенис

Синер и Медведев се пласираа во осминафиналето на Ју-Ес Опен (ВИДЕО)

Првиот фаворит Јаник Синер и Данил Медведев се на добар пат да закажат меѓуебно четвртфинале на Ју-Ес Опен. Правиме преглед на мечевите одиграни утринава и синоќа на последниот сезонски грен слем турнир.

Синер во три сета со 6-1, 6-4 и 6-2 го совлада Кристофер Оконел за пласман во осминафиналето. Следен ривал на Италијанецот е домашнот фаворит Томи Пол. Во осминафиналето се пласираше и петтиот фаворит Данил Медведев, кој утринава исто така во три сета со 6-3, 6-4 и 6-3 го елиминираше Флавио Коболи од Италија.

Десеттиот фаворит Алекс де Минор го победи Даниел Еванс во четири сета, а во осминафиналето е и Нуно Борхес од Португалија. Во следната рунда се пласираа и Џек Дрејпер и Томаш Махач.

На женскиот дел од турнирот, првата носителка Ига Швјонтек ја совлада Анастасија Павључченкова со 6-4 и 6-2. Полјачката во осминафиналето ќе се соочи со Људмила Самсонова. Поранешната најдобра светска тенисерка Каролин Вожњацки ќе игра во осминафиналето по триумфот над Џесика Понче со 6-3 и 6-2. Во следната рунда се пласираше и петтата фаворитка Јасмин Паолини по победата над Јулија Пуницева во два сета, а во осминафианалето е и шестата носителка Џесика Пегула откако ја елиминираше Џесика Бузас Манеиро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе