Останато Спорт

Марк Маркез славеше на трка во Мото ГП по пауза од 1.043 денови

Марк Маркез им се врати на победите во Мото ГП шампионатот по три години пауза откако денеска славеше на трката за Големата награда на Арагон во Шпанија.

Осумкратниот светски шампион славеше во најсилната класа по цели 1.043 денови. Хорхе Мартин финишираше на второто место со пет секунди заостанување зад Маркез, додека целосно шпанскиот подиум го комплетираше младиот Педро Акоста.
Од четвртото до осмото место финишираа Бред Биндер, Енеа Бастијанини, Франко Морбидели, Фабио ди Џанантонио и Марко Бецеки.

Во генералниот поредок, Мартин се врати на врвот откако Франческо Бањаја не ја заврши трката поради судир со Алекс Маркез. Шпанецот сега има 299 бодови на првото место, Бањаја е втор со 276, а Марк Маркез се искачи на третото место со 229 бодови на сметка на Енеа Бастијанини, кој има само еден бод помалку.

Следниот викенд се вози трката за Големата награда на Сан Марино на патеката „Марко Симончели“ во Мизано.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем шок во Доха: Сабаленка испадна во 2.коло, елиминирани и Гоф и Женг (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Џонсон и Шифрин донесоа славје за САД во женската комбинација на СП 2025 (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Нова битка на титаните во ЛШ: Манчестер сити го пречекува Реал Мадрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе