Вести Свет Топ вести

Врховната Рада усвои предлог закон – Украина ќе забрани Украинска православна црква поврзана со Русија

Украинските пратеници го трасираа патот кон забрана на малцинскaтa Украинска православна црква поврзана со Русија која официјален Киев ја смета за соучесник во руската инвазија.

Врховната Рада (парламент) на Украина денеска усвои предлог закон кој ја забранува Руската православна црква на украинска територија, а владини претставници треба да состават листа на „поврзани“ организации со неа чии активности нема да бидат дозволени. Во неа би требало да биде вклучена и Украинската православна црква Московска патријаршија. Одлуката за забрана треба да ја донесе судот.

Предлог законот го подржаа 265 пратеници, а 29 беа против, објави пратеникот Јарослав Железниак.

Украинските лидери ја обвинуваат Украинската православна црква, поврзана со Москва, дека помага во руската инвазија врз Украина, со ширење на проруска пропаганда и со криење на шпиони.

„Денеска стапивме на неизбежен пат на чистење одвнатре на мрежата на агентурата на Кремљ, која со децении се криеше зад маската на религиска организација“, напиша пратеникот Роман Лозински на Фејсбук.

Малцинската црква немаше коментар, но претходно објави дека ги прекинала врските со Руската православна црква која отворено ја поддржува војната во Украина.

Мнозинството на Украинци се православни христијани, но поделени на огранок кој е традиционално поврзан со Руската православна црква и независна црква која е призната од светската православна хиерархија во 2019 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе