Вести Свет Топ вести

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес утрово околу 09 часот и 45 минути по средноевропско време ја погоди Јапонија.

Првично, Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот, кој ја погоди префектурата Мијазаки и околината на островот Кјушу, бил со јачина од 6,9 степени.

Интензитетот на земјотресот бил -6 според јапонската скала од 0 до 7 во најпогодените подрачја, јавува јапонскиот јавен сервис „NHK“.

Според „EMSC“, земјотресот бил на длабочина од 35 километри, 14 километри јужно од главниот град Мијазаки, каде живеат 300.000 луѓе.

Брзите возови на железничката мрежа Кјушу Шинкасен се привремено запрени.

Јапонските медиуми јавуваат дека е издадено предупредување за цунами во префектурите Мијазаки, Кочи, Оита, Кагошима и Ехиме.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе