Палестинската милитантна група Хамас во вторникот соопшти дека го избрала, нејзиниот висок функционер во Газа, кој ги организираше нападите на 7 октомври во Израел, за нов водач.
Портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари, порача дека „местото“ на Јахја Синвар, новоизбраниот лидер на Хамас, е до сега убиените команданти Ханије и Деиф, за кои Израел сега веќе тврди дека ги убивал.
– Јахја Синвар е голем терорист одговорен за еден од најужасните терористички акти во историјата, 7-ми октомври“, Има само едно место за Јахја Синвар… до сите терористи кои беа одговорни за 7-ми октомври. Ова е единственото место што го планираме за Јахја Синвар, рече Хагари.
Изборот на Синвар, таинствена личност која ги предводи тврдокорните страни на Хамас и е блиска до Иран, беше пркосен чекор.
Синвар е на врвот на листата на убиства на Израел, бидејќи земјата се обидува да го уништи Хамас и неговото раководство по нападот на 7 октомври во кој милитантите убија 1.200 луѓе во јужен Израел, а околу 250 земаа како заложници.
Хамас во соопштението рече дека го именува Синвар за нов шеф на своето политичко биро кој ќе го замени Исмаил Ханије, кој беше убиен во Иран минатата недела во наводен израелски напад.
Исто така минатата недела, Израел соопшти дека ја потврдил смртта на шефот на военото крило на Хамас, Мохамед Деиф, во воздушен напад во јули во Газа.
Хамас се уште не ја потврди неговата смрт.
Израелските убиства на повеќе високи функционери во Хамас во последните месеци го оставија Синвар како најистакната фигура во групата.
За разлика од Ханије, кој со години живееше во егзил во Катар, Синвар остана во Газа.
Како лидер на Хамас на територијата од 2017 година, тој ретко се појавуваше во јавноста, но ја задржа железната контрола врз владеењето на Хамас.
Блиску до Деиф и бригадите Касам, тој работеше на градење на воените способности на групата.
Синвар се крие длабоко по нападите на 7 октомври, додека Израел ја започна својата кампања во Газа.
Бројот на загинати меѓу Палестинците сега се приближува до 40.000, поголемиот дел од населението од 2,3 милиони е протерано од своите домови, а големи делови од градовите во Газа се уништени.
Во мај, обвинителите на Меѓународниот кривичен суд побараа налог за апсење на Синвар под обвинение за воени злосторства за нападот на 7 октомври, како и против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за извршени воени злосторства.