Вести Свет Топ вести

ЕУ: Израел да се откаже од дејствија со кои се влошуваат условите за живот на цивилите во Газа

Европската Унија изрази сериозна загриженост поради континуираното уништување на клучната цивилна инфраструктура во Појасот Газа, меѓу кои и на станицата за третман на води во Рафах, и се придружи на меѓународните повици за расчистување на овој инцидент.

– Ја повикуваме израелската Влада да се откаже од дејствија кои ги влошуваат условите за живот на цивилното население во Газа и да ги почитува своите обврски според меѓународното право. Веднаш е потребен итен прекин на огнот за да се стави крај на страдањето на цивилите во Газа, како и на израелските заложници, се наведува во изјавата што во името на Унијата ја упати високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел,

Според него, се „полошата хуманитарна катастрофа“ во Газа дополнително ги влошува условите за живот на цивилното население, кое и натаму се соочува со глад и веќе десет месеци е изложено на постојано преселување во пренатрупани шаторски кампови.

– Ние сме длабоко загрижени поради колапсот на санитарните системи, на управувањето со цврст отпад и на здравствените системи, што предизвикуваат ширење на болести, вклучително и на полио и кожни и респираторни инфекции, особено кај децата, се наведува во изјавата.

ЕУ потсетува и дека нападите врз критичната инфраструктура претставуваат воено злосторство и ги повикува сите страни да ги преземат сите можни мерки за да се избегнат жртви меѓу цивилите и хуманитарните работници и штети на критичната цивилна инфраструктура.

– Ја повторуваме итноста за целосна, брза, безбедна и непречена дистрибуција на хуманитарна помош за Палестинците во потребниот обем, посочува Борел.

Во изјавата се нагласува и важноста од почитување и спроведување на правно обврзувачките одлуки на Меѓународниот суд на правдата и се потенцира дека прекршувањата на меѓународното хуманитарно право треба да бидат темелно и независно истражени и нивните сторители да се повикаат на одговорност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе