Македонија ќе биде успешна држава кога ќе стане пристојно место за живеење, со еднакви шанси за напредок на граѓаните и кога ќе се запре иселувањето на младите. Ова беше една од клучните пораки во обраќањето на претседателката Гордана Силјановска Давкова на обележувањето на Илинден во меморијалниот центар Пелинце. Во својот говор таа се осврна и кон младите, борбата против корупцијата и криминалот и европската интеграција на државата.
Битката за младите е битка за четваратата македонска република рече претседателката и нагласи дека мора да победи занењето наспроти незнаењето и изворедноста наспроти просечнотста.
Европеизацијата на државата е еден од начините на кој ќе се извојува победата во битката за достоен живот и ќе се задржат младите. Говорејќи за европските интеграции на Македонија, Силјановска потенцираше дека се соочуваме со непринципиелни услови но од друга страна пак имаме се повеќе сојузници во рамките на Унијата.
Во рамките на одбележувањето на Илинден Силјановска го посети и манастирот свети Прохор Пчински каде ја пречека спрскиот претседател Александар Вучиќ. Откако положија венци пред плочата на АСНОМ имаа билатрелната средба на која се разговараше за зацврстување на односите и продлабочување на соработката меѓу двете држави.
Претседателот Вучиќ го честиташе Илиден на сите македонски државјани и кажа дека еден од клучните проекти ќе биде изградба на брза пруга до Прешево и до Гевгелија.
Претседатеклската Силјановска пак ги истакна добрососедските односи и се заблагодари за помошта од Србија при гаснењето на пожарите.
На покана на претседателот Вучиќ претседателката Силјановска замина во Врање на ручек а како што беше најавено по средбата до крајот на годинава ќе има и прва официјална посета на Белград.
Во рамките на прославата на Илинден и 80 години од првото заседание на АСНОМ и 121 година од Илиденското востание делгации на Владата, Собранието, политичките партии и диполоматскиот кор положија венци во меморијалниот центар Пелинце.
Огнен Чанчаревиќ