По церемонијата за одбележување на Илинден пред Собранието, претседателот на парламентот Африм Гаши потврди дека неговото обезбедување било на скопскиот аеродром, каде што според МВР предизвикале инцидент и нападнале аеродромски службеник. Инцидентот се случил половина час откако аеродромското обезбедување барало од претседателката на Косово Вјоса Османи да помине безбедносна проверка на скенер. Според Гаши и тој самиот интервенирал за да се спречи како што наведува “дипломатски инцидент”.
-Имаше соопштенија, јас само интервенирав во делот да се смират ситуациите, да не се направи дипломатски инцидент и мислам дека заврши сè како што треба. Како имало или ако некој ги пречекорил своите овластувања, секако секој кој и да го направил тоа треба да одговара. Поинаку нема смисла правната држава и праведноста ако не сме објективни и ако не ги почитуваме нашите закони, протоколи и сe што ние го носиме и како закони и како други подзаконски акти одредби, наведе Гаши.
И “мисијата” на тројца полицајци кои се дел од обезбедувањето на спикерот била да спречува инциденти.
-Моето обезбедување отишло да се смири ситуацијата. Ако некој сака да смири нешто и ако сака некој од тоа да направи тенденција, тоа е до тие луѓе. Мојата заложба и денеска и вчера и секогаш била и ќе биде да смирувам да зближувам и да работиме за сите граѓани, а не да делиме и да правиме инциденти, одговори Гаши.
Безбедносна проверка или инцидент со телефонот на Османи на скопскиот аеродром