По три дена интензивна борба со пламените јазици на планината Буковик и околните ридови, пожарот кој се закануваше на Пехчево конечно е под контрола.
Чад се уште има, како и џебови кои стотина доброволци, пожарникари, прпадници на ДЗС и на Армијата ги гаснат.
По исцрпувачките 36 часа дел од луѓето на терен можат да здивнат и да се вратат во своите домови чекајќи ја наредната ротација на терен.
Линијата на огнот јасно се гледа исто како и опасноста која демнеше изминатите денови и ноќи. Ветер повторно има но тука се луѓето на терен стратешки распоредени да ја следат ситуацијата.
Над Негрево, кај еленски бачила и Извор на секои петнаесетина минути поминуваат возила како контрола.
Иако има оган нема опасноста е тука. Може да се забележи чад од неколку места. Критично е бидејќи тлее, може секоја момент да се активира, велат луѓето на терен.
Од утрово се повлечени хеликоптерските единици како и базенот од импровизираната база на градскиот стадион. Токму тоа вчера беше клучно во справување со пожарот кој многу лесно можеше да се прошири. Додека хеликоптерите истураа вода на земјата над двесте граѓани пожарникари, доброволци, полицајци, војници и припадници на ДЗС чекор по чекор се пробиваа кон Буковик сечејќи ги пламените јазици со засеци.
Равно борје претрпе најмногу како и делот од Буковик над селото Негрево. Десетици хектари шума е уништена заедно со живиот свет во неа.
Контрола на водата за пиење е меѓу приоритетите на локалната власт.
Граѓаните пак бараат темелна истрага сомневајќи се дека пожарите или барем дел од нив се подметнати и апелираат надлежните да не ги сечат уништените стебла кои сеуште може да се користат во комерацијални цели.
Oгнен Чанчаревиќ