Вести Свет Топ вести

Хамнеи наредил директен напад врз Израел како одмазда за убиството на Ханије

Тројца ирански претставници објавија дека врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, наредил директен напад врз Израел поради убиството на водачот на милитантната група Хамас, Исмаил Ханије.

Ајатолахот Хамнеи во Техеран ќе ја предводи погребната церемонија на лидерот на политичкото крило на Хамас.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека тројцата официјални претставници, вклучително и двајца членови на Револуционерната гарда, кои побараа имињата да не им се објавуваат затоа што не биле овластени да зборуваат јавно, посочиле дека иранскиот лидер ја издадал наредбата на вонредниот состанок на Врховниот совет за национална безбедност, одржан вчераутро, непосредно откако Иран соопшти дека Ханије е убиен.

Иран и Хамас го обвинија Израел за атентатот.

Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, беше убиен вчераутро во Техеран, каде што присуствуваше на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Засега никој не ја презеде одговорноста за атентатот, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас поради нападот на групата на 7 октомври.

Поради убиството на Ханије иранската Влада прогласи тридневна жалост во земјата.

Ханије ќе биде погребан во главниот град на Катар, Доха, каде живееше во прогонство од 2019 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе