Вести Култура Топ вести

Одржаната светската премира на „ Крал Лир“ на „ Охридско лето“

Што се случува кога поединецот е слеп при очи? Ова прашање го поставува претставата „ Крал Лир“, од Вилијам Шекспир , на Компанијата „ Lit Moon“ од Санта Барбара- САД, која што синоќа, во рамки на Американската вечер на  фестивалот „ Охридско лето“, ја доживеа светската премиера во предворјето на црквата „ Света Софија“ .

Создадена од уметници од Северна Македонија, Ерменија, Финска и САД, претставата ја постави Џон Блондел, по импресии од сцената на црквата „Света Софија“. Сценографијата  и костимите се дело на нашиот познат костимограф Благој Мицевски, кому ова му е втора премиера годинава на „Охридско лето“, по неодамнешната „Галеб“ со Народниот театар од Битола.

Преку играта на актерската екипа беа прикажани живописни слики со богат визуелен наратив, приказни раскажани на јазикот на Шекспир. Изведбата евоцира изгубени светови и минати времиња, атмосфери преплавени со антички ритуали, духови и соништа, едноставно раскажување и оригинална музика.

  • Целата претстава е исполенета со референци за слепилото, не физичкото туку внатрешното слепило… Трагедијата да се биде слеп при очи, рече главниот актер Ирвин Апел кој ја игра улогата на кралот Лир.

Претставата зборува за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои му ласкаат, а ја прогонуваат најмладата ќерка Корделија, која искрено го сака. Во другата приказна, војводата од Глостер му верува на синот кој е предавник, но се сомнева во неговата лојалност. А, двете приказни на крајот се спојуваат во една билна и трагична целина.

Основан во 1991 година,„ Lit Moon Theatre Company“ ,  е колектив на театарски уметници со седиште во Санта Барбара. Неговата мисија е да понуди театарски искуства кои го прошируваат и продлабочуваат разбирањето на светскиот театар и културните традиции и промовираат и инспирираат меѓукултурно разбирање преку театарска изведба во живо. Од 1992 година, Lit Moon создаде 45 нови театарски проекти, продуцира тринаесет меѓународни театарски фестивали, доби десетици награди за своите уметници.

Џон Блондел е добитник на 13 независни театарски награди а во 2003 година добитник е на награда за факултетско истражување од колеџот Вестмонд,  во 2013 е именуван за учител на годината и „локален херој“за неговата „неуморна посветеност“ во меѓународната театарска заедница. До денес, Блондел има режирано над 100 продукции во САД, Европа и Азија.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе