Вести Култура Топ вести

Промовирани нов мурал и награда „Мето Јовановски“ што ќе се доделува на фестивалот „Преку езерото“

Во Дојран, од 7 до 11 август, ќе се одржи третото издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“. Како што рекоа од Советот на фестивалот, на денешната прес конференција, во рамките на ова издание за првпат ќе биде доделена награда што го носи името на починатиот доајен на македонскиот филм и театар, Мето Јовановски. Прв лауреат на наградата ќе биде актерот Владо Јовановски.

Во натпреварувачката програма на фестивалот ќе бидат прикажани пет долгометражни и девет краткометражни остварувања од регионот и Европа, а тој ќе започне со проекција на српскиот филм „Руски конзул“, кој што е последно остварување на Мето Јовановски. А, од новиот Фонд на фестивалот ќе бидат финансирани три дипломски филмови на студенти кои ќе победат при претставувањето на нивните проекти. Денеска Кинотеката на Македонија го промовира и новиот мурал посветен на Мето Јовановски, чии автори се Евгенија Трајковска и Драган Илиќ.

„Ние, Советот на фестивалот „Преку езерото“, со задоволство и со поддршка на неговото семејство, решивме да доделиме единствена награда „Мето Јовановски“ за извонредно постигнување во уметноста на филмот, во чест на Мето Јовановски, чиј многу карактеристичен лик го гледате овде“, рече Јани Бојаџи, директор на фестивалот „Преку езерото“.

„Во рамките на фестивалот, ќе биде организирана и посебна вечер за првиот лауреат на наградата „ „Мето Јовановски“ – Владо Јовановски, каде што сите посетители, гости на фестивалот, ќе имаат можност покрај тоа, да погледнат еден мал дел од филмските остварувања на Владо Јовановски.

„Исто така, да проследат една интересна вечер, еден разговор со Владо Јовановски“, кажа Мими Ѓоргоска-Илиевска, претседателка на Советот на фестивалот „Преку езерото“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе